По портокаловиот модел со плисе и карнери, кој беше еден од најбараните и најпрепознатливите минатата година, уште еден фустан од Self-Portrait е хит меѓу трендсетерките. Станува збор за бела транспарентна миди креација,со карнери на ракавите и едно голо рамо. На Инстаграм се среќаваат различни идеи како може да се носи овој модерен романтичен модел, од кежуал варијанти за прошетка со пријателите, преку парче за на плажа, па сè до венчаница. Не е изненадување оваа повеќенаменска застапеност на фустанотна Self-Portrait . Белата боја е лесно прилагодлива за различни пригоди, а и самиот крој- во стилот на 50-тите, ја нагласува женственоста ѝ ласка на линијата на секоја жена.
Нема коментари