Монхроматските бежови комбинации се клучен стил за оваа пролет и се состојат од костими со широки панталони како најтренд, или варијанти со беж мантил, здолниште, сако, фустан. Често беж комбинациите се сметаат за монотони и млаки, но оваа сезона вљубеничките во модата покажаа дека може да бидат инспиративни и тренди, и со своите стајлинзи покажаа дека беж нијансите не се воопшто досадни. Еве неколку идеи за комбинации со комплетно беж облека или со мало додавање на парчиња во бела и црвена боја. Предност имаат комплетите од лен, а добро се комбинираат со патики, бели обувки, чевли со отворена пета или со секси сандали со висока потпетица.
Нема коментари