Блузи и кошули со драматиточно волуменозни ракави се моден избор за оваа сезона, тоа се оние модели кои што имаат надуени и широки ракави. Дизајнерите и модните брендови понудија широк избор на овој кул тренд, како и креации за дневни, вечерни, дури и за посвечени пригоди. Меѓу понудата ќе најдете и идеја за празничен новогодишен изглед.
Бирајте бели кошули и блузи со „пуф“ ракави со помал волумен кои што ќе можете да ги носите во дневна пригода, потоа модели со принт или во некоја интересна боја како тиркизна, блузи со копчиња кои наликуваат на јакни, а за вечерни пригоди изборот е на топ во интензивна боја од светкав брокатен материјал.
Нема коментари