Шминката во лето се карактеризира со бронзени тонови, топли бои и наласен сјај на лицето, изглед кој е како да сме исончани и малку светкави. Таа идеја ја следи и козметикиот бренд Bobbi Brown кој новата колекција ја базира токму на летниот сјај. „Летен сјај“ (Summer Glow) е колекција наменета за лето 2020 и содржи пет производи за лице, усни и очи.
Еден од атрибутите на Bobbi Brown се хајлајтерите, омилени во светот на бјути гуруата и вубеничките во шминка. Бидејќи се бестселер на брендот, и оваа колекција содржи хајлајтер (Highlighting Powder). Потоа следат 2 вида бронзери во две бои (Bronzing Duo), кремасти сенки за очи во форма на стик (Dual Ended Long-Wear Cream Shadow Sticks), сјај за усни збогатен со ботанизчки масла (Crushed-Oil Infused Gloss), како и четка со пирамидален изглед за попрецизно сенчање.
Нема коментари