Со доаѓањето на дизајнерот Даниел Ли на позицијата креативен директор на модната куќа Ботега Венета, овој бренд успеа да се реивентира и да се вивне на врвот на најбарани и најпопуларни брендови. Неколку сезони наназад Ботега Венета ги има најпопуларните модели на чанти со кои го освоија модниот свет, а Даниел Ли ги креираше и најпосакуваните чизми на сезоната зима 2020/21 – моделот BV Lug.
Всушност, овој модел на чизми во војнички стил и со дебел ѓон, прв пат се претставени во колекцијата за есен-зима 2019/20, веднаш станаа хит и сè повеќе се носат, а според глобалната платформа Lyst, се најпопуларните чизми за последниот квартал на 2020 година. Оваа платформа ги анализира податоците од продажба и од пребарување на Google и прави преглед на најпосакуваните модни парчиња во одредена сезона или квартал.
Стотоци брендови за оваа зимска сезона претставија модели на чизми инспирирани во Ботега Венета, кај нас забележавме слични стилови во Манго, Зара, Пул & Бер, а се предвидува дека ќе се носат и во следниов период.
Нема коментари