Ако редовно ги следите блогерките и стилот на модните уреднички ќе забележите еден модел на чанта што сите го обожаваат – женствена и елегантна за преку рамо, благо заоблена во долниот дел и со украсни токи и ланец во златна или сребрена боја. Станува збор за моделот чанта Drew на „Клое“, во која се забележува и елемент на гламур од 70-тите години, како омаж на дизајнерското наследтсво на овој француски бренд. Може да се комбинира со различни стилови, со минималистички или кежуал џинс комбинации, со шарени фустани или ретро изглед. По лансирањето веднаш стана омилена кај трендсетерките како Кјара Ферањи, Оливија Палермо, Леандра Медин, Руми Нили, а познавачите предвидуваат дека и оваа есен ќе биде голем хит.
Нема коментари