• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 1

Чантите на Лидиа Јовановска на добар пат до Vogue и MUUSE

Од Ана Несторовска · На јануари 28, 2014

Со три уникатни и практични модели на чанти, македонската дизајнерка  Лидиа Јовановска, која живее и работи во Лондон,  е во конкуренција на светскиот моден натпревар MUUSE x Vogue Talents Young Vision Accessories Award 2014. Станува збор за избор на најдобри дизајни на модни додатоци во организација на двата светски гиганта во областа на модата. MUUSE е светски позната платформа за следење, развој, продукција и дистрибуција на дизајните на младите таленти, а Vogue е највлијателниот моден печатен и онлајн-медиум. Натпреварот се одржува онлајн, а за Лидиа може да се гласа на vogue.muuse.com. Гласањето трае до 17 февруари.

-Oвој натпревар е добар пред сè за промоција. Победникот добива објава и четири страници во Vogue, а MUUSE го продава победничкиот производ,  со тоа што тие се грижат за сè, на дизајнерот му следува приход од авторски права. Кандидатите треба да имаат некаква модна едукација, и три готови производи, за да партиципираат под свое име. Моите чанти се специјално создадени да бидат практични, а дизајнот е минималистичен за да ѝ прилега на софистицираната жена. Насловната чанта е WALLY- една од помалите што служат како паричник и модел за разни пригоди, која се прикачува за поголемите чанти. Втората е MOTHER, најпрактичната, лесна и најергономичнa во колекцијата. Целиот бренд е базиран околу оваа чанта. Третиот дизајн е TRENDY. Оваа чанта е дизајнирана за жените кои мораат да изгледаат модерно, но сепак сакаат да бидат практични-вели таа.
На крајот од изборот ќе има два победника. Првиот од публиката другиот од професионално жири. Првите 50 ќе бидат оценети од професионално жири.

Лидиа е основачка на концептуалниот бренд L&E, стациониран во Лондон, кој е специјализиран за изработка на чанти и модни додатоци.
- Брендот го основав во септември, минатата година,  кога се вратив од Хонг Конг, каде што работев како креативен директор. Со моето постојано патување дојдов до заклучок дека женските чанти навистина не се практични и имав чувство дека нон-стоп нешто барам во чантата. Кога се вратив во Лондон веднаш почнав да работам да им помогнам на жените (девојките) како мене, да ги поедноставам чантите и да бидам бренд кој може да им одговори на сите нивни потреби. Сите прозводи во овој бренд се обмислени да се надополнуваат и да одговорат на дадена потреба, зашто сите имаме различни потреби така и L&E има разни производи и секој може да одбере и земе само тоа што им треба. Исто така тука се јави и соработката со Македонија. Како Македонка сметав дека имаме добри занетчии и природно сакав своето производство да го насочам кон мојата земја и нашите талентирани занаетчии.
Покрај Лидиа голем удел во работата на брендот има занаетчијата Хаким Амети, за кој вели дека е извонреден  креативец со нескротлива страст кон својот занает. Заедно работат на сите идеи и дизајни и ги усовршуваат.
-Многу ми е важно чантите да се изработени рачно во ателје, а не во фабрика. Исто ми е важно да работам со луѓе кој го имаат истиот ентузијазам кон брендот и модата кој го имам и јас. Во Англија имам многу поддршка од државни организации до луѓе кои се во модната индустрија доста време, кои ме земаа под своето крило и ми се ментори. Исто така и мојата фамилија и блиски пријатели се  заангажирани и помагаат најмногу што можат и многу сум им благодарна за тоа-вели таа.


Изминатиов периoд почнаа  со тест продажба и моментално нудат само приватна продажба.
-Во L&E вие сте дизајнерите на вашата чанта, вие бирате бои материјали комбинации, и ги адаптираме димензиите според вашите потреби.  Нашата клиентка е софистицирана жена која напорно работи и многу патува, која мора да има сè при рака и да има место за сè, жена која е нон-стоп ангажирана на повеќе страни,  која носи два телефона, компјутер, документи, која е постојано по автомобили, авиони, возови и која мора да има многу работи во својата чанта. Затоа нашите чанти се лесни, егрономично дизајнирани, да не влечат многу и да го повредуваат грбот, и имааат многу додатоци, за да олеснат со постојаното барање на работи. Но, исто така е жена која се грижи за тоа од каде и како се изработени моделите што ги купува, и исто така се грижи за планетата и експлоатацијата на животни. Затоа нашите чанти се  нумерирани и потпишани од нашиот занаетчија, и не користиме ништо од животинско потекло-објаснува Лидиа.
Оваа е прво нејзино искуство специјализирано во чанти и модни додатоци. Претходно има градено кариера во женската мода. Но по 10 години искуство решила да излезе од модата и да одговори на специфични потреби, користејќи го своето знаење за модата и модните трендови. Запишана е на London college of fashion, посетува курсеви за женски чанти, за да го надополни своето знаење кое се надева дека ќе ја одведе до нови креативни начини да одговори на потребите на своите клиенти.
-Школувана сум во ESMOD Paris со специјализација – Woman’s ready to wear. Имам 10 години искуство во светот на модата, имам работено во Лондон, Париз и Хонг Конг. Имам работено за сите модни пазари, од high street до дизајнери, и имам основано бренд за европскиот и азискиот пазар. Но ова е првпат да лансирам креации сама, под своја марка. Затоа ми е потребна и важна поддршкта  во овој конкурс. Три  години го осмислувам овој концепт и се надевам дека публиката ќе може да го види и цени целиот труд.

Лидиа, со мали паузи  во Лондон живее една декада, од кои последните три години престојуваше во Кина.  Во своето Скопје се враќа еднаш месечно, за работа со ателјето и набавки кои ги прави локално.
-Но, исто така  го ценам секој момент поминат со мајата фамилија и најблиски другари од детството, кои многу ми фаелеа додека бев во Азија. Што се однесува до продажба на моите креации во Македонија, ова сè уште  не ми е главен пазар, но доколку има заинтересирани зашто да не! За цени и модели може да ми се обратат лично. Во моментов во мојата  работилница изработуваме рамен паричник од пластифицирана хартија, кој ќе биде незабележлив во било која чанта, во кој покрај вашите пари ќе има простор за сите картички и документи. Со нетрпение го чекам првиот примерок за тестирање-вели таа.

Непосреден контакт со Лидиа може да се оствари на имејлот info@lebags.eu, на страницата на L&E на „Фејсбук“, или на „Твитер“ на @lebags.

L&EMUUSEVogueЛидиа ЈовановскаЛондонмакедонски дизајнериХонг Конгчанти
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

1 коментар

  • Vesna вели: јануари 28, 2014 на 17:27

    Секоја чест на идејата и талентот. Ја поздравувам иницијативата и ти посакувам многу среќа во иднина.

    Одговори
  • Напиши одговор на Vesna Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • jovana neshova (1)

      Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

    Модна азбука

    • Poncho

      ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

      ноември 20, 2020

    Видео

    • funk shui

      Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • 1

      Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

      април 16, 2021
    • Annabel-Rosendahl

      ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

      април 16, 2021
    • gucci aria (4)

      Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

      април 16, 2021
    • kopenhagen

      Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

      април 15, 2021
    • DIOR

      [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

      април 15, 2021

    Убавина

    • PearInc100ml_RVB

      Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

      април 10, 2021
    • Mixed Emotions cut

      MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

      април 6, 2021
    • 1 guerlain

      Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

      април 2, 2021
    • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

      Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

      март 30, 2021
    • fac

      Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

      март 11, 2021

    Живот

    • 2

      Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

      април 14, 2021
    • FotoJet

      Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

      април 12, 2021
    • pilates

      Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

      април 8, 2021
    • IQOS 3 Duo 3

      Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

      март 30, 2021
    • Znakoven Bitola 2

      Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

      март 29, 2021

    Култура

    • Louvre

      Прошетка низ музејот Лувр од дома

      април 7, 2021
    • Filmski Predizvik (1)

      Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

      март 24, 2021
    • gordana vrencoska

      Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

      март 23, 2021
    • ?????????

      Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

      март 22, 2021
    • DMF_2021

      Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

      март 15, 2021

    Тагови

    Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics