Уличната мода и модните брендови имаат ист стилски предлог во однос на чантите – сезонава ќе се носат модели на чанти со крупни ланци како детали. Мали или поголеми, коцкести или во форма на багет, вечерни или дневни за преку рамо, трендовските чанти се со ланци кои имаат функција на прерамка или едноставно се декор.
Модната куќа Bottega Veneta во последниве години ги трасира трендовите на чанти, најактуелните модели се со големи ланци, а примерот го следат и „хајстрит“ брендовите као Mango и Zara.
Нема коментари