Актерката Кејт Бланшет блесна за време на Венецискиот филмски фестивал во две црни тоалети на Џорџо Армани. Таа присуствуваше на премиерите на филмовите „Суспирија“ и „Ѕвездата е родена“ и на црвениот килим прошета во две креации од колекциите на висока мода Armani Privé. Едната креација е од црно кадифе и со бели пердуви во горниот дел, втората со впечатлив сребрен дел и истакнат еден ракав. Кејт изгледаше беспрекорно и со одличен дополнителен стајлинг.
Нема коментари