Две недели по прикажувањето на колекцијата на „Гучи“ за пролет-лето 2017, една креација беше избор за актерката Кејт Бланшет која прошета на црвениот килим во дизајн на креативниот директор на куќата Алесандро Микеле. Австралиската актерка се појави на гала вечера на IWC Schaffhausen во Лондон облечена во долг фустан украсен цо црвена панделка и со впечатлив волуменозен и набран горен дел кој кај рамената изгледа како цветови од кала. Изборот го направи заедно со својата стилистка Елизабет Стјуарт, а Кејт во овој смел модел изгледаше елегантно, но во исто време и драматично. Стајлингот го дополни со нежна шминка и часовник со црно ремче од IWC.
Нема коментари