Еден модел на чанта на Celine е популарен во последниов период, откако во 2019 година беше претставен моделот Triomphe, модниот бренд сега има нови верзии под името Cuir Triomphe. Новиот модел го следи дизајнот на претходниот – едноставен и класичен облик со златно копче, но сега наместо кожена, има рачка од ланец. Доаѓа во неколку бои, материјали и величини, заштитно лице на кампањата за Celine Cuir Triomphe е Каја Гербер, а чантата веќе е хит познатите, трендсетерките и Инстаграм ѕвездите. Подеднакво се актуелни и стариот и новиот модел, а бидејќи има класичен и скоро безвременски изглед, лесно се вклопува во различни стајлинзи и стилови.
Нема коментари