Во потрагата по иделниот тон на црвенило за усните често пробуваме нијанси кои помалку или повеќе ни одговараат на формата на усните, на тенот, приликата, личниот стил, како и на облеката што ја носиме. Мејкап артистите и стилистите препорачуваат дека нема само една нијанса која е прилагодлива за сите прилики. Според магазинот „Гламур“ секоја девојка треба да поседува барем четири тонови, кои ќе ги носи во различни прилики. Четирите бои на кармин, што се ин оваа сезона, а кои може да се каже дека се своевидна класика за девојките и жените од сите возрасти се: вино-црвената, впечатлива црвена, крем и „крваво-портокалова“. Во фотосесијата на магазинот се појавува познатиот модел Миранда Кер која покажува како стојат четирите нијанси на кармин.
Нема коментари