Со враќањето на плетените и сламените модни додатоци забележавме и интeрес за материјалот рафија, а еден пар чевли од рафија се издвоија и станаа омилени на Инстаграм. Прозрачни и шик, летните чевли од рафија на лондонскиот бренд Miista се вистински хит. Плетени, со мали коцкести потпетици, во светло беж или боја на карамела, во црвена или црна, овие чевли ги носат Жана Дамас и трендсетерки, а хрватска блогерка Ана Бацингер пронашла сличен модел во понудата на модниот бренд Topshop. Иако брендот е лоциран во Лондон, обувките на Miista рачно се изработуваат во Шпанија. Добро се комбинираат со летни фустани, лелеави креации, широки ленени панталони. И да, ѕирнете ја целата понуда на Miista, имаат други интересни модели на обувки.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари