Неодамнешниот прилив на поларизирачки трендови на „толку се грди што се убави“ парчиња донесе неколку модни идеи кои неретко сме ги ги сметале за невкусни, демоде и на некој начин многу грди парчиња. Од минатото ги вративме бициклистичките бермуди, торбите бубрежиња за околу половина, mоm jeans фармерките, а сега е ред на „грдите, татковски“ сандали. „Прада“ ги врати во мода во колекцијата за пролет 2018, следеа модели слични на сандалите на брендовите „Тева“ и „Патагонија“ (гумени сандалки со ремчиња кои вообичаено ги носат туристите или се наменети за одредени спортови), а сега верзија на сандали има и „Шанел“. И овие сандали се многу популарни на Инстаграм.
„Грдите сандали“ на „Шанел“ се всушност од една постара колекција од 2018 година, но токму периодов се ултра популарни. Во последниве два месеци во овој модел се фотографираа стилските ѕвезди Пернил Тејсбек, Линда Тол, Емили Синдлев, Сара Харис, а Кјара Ферањи откри дека има неколку пара од овие сандали во различни бои.
Нема коментари