• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
гастрономија 0

Извонредно гурманско будење на сетилата на Chef’s Table во „Дистрикт“

Од Катерина Трајановска · На октомври 17, 2018

chefs table (2)

Сите гастрофили и хедонисти, уживателите во вкусната храна и убавото вино, но и оние љубопитните и отворени за испробување нови деликатеси, сега имаат можност да искустат извонредниот гастрономски концепт Chef’s Table во „Дистрикт бар и ресторан“ во склоп Marriott Hotel во центарот на Скопје. Заедно со неколку избрани личности уживавме на првиот Chef’s Table во богатите вкусови подготвени од страна на Кирил Ставрев, Executive Chef во „Дистрикт“, кој на оваа позиција доаѓа од Marriott во Вашингтон и има скоро децениско куварско искуство во САД. Кулинарските специјалитети што ги пробавме беа збогатени со селектирани вина на „Тиквеш“ и „Стоби“. Овој нов иновативен начин да уживате во храната ќе се случува секој вторник во „Дистрикт“ и во оброците од новите менија што ќе бидат понудени на Chef’s Table.

chefs table (3)

„Chef’s Table е нов и уникатен начин да поминете време со вашите колеги, пријатели и семејство уживајќи во гастрономски ремек-дела. Секој месец, ќе подготвуваме ново мени исполнето со 5 до 10 јадења, кулинарски приказни од различни делови на светот, кои пред Вас ќе ги „раскаже“ нашиот Executive Chef – Кирил Ставрев. Преку неговите талентирани раце и вешта презентација на секој оброк, ќе патувате низ светот на техниките, ќе ги вкусите тајните и ќе ѕирнете во уметноста во кулинарството. Опуштете се и уживајте во патувањето, бидејќи животот навистина е вкусен со нас“, порачуваат од „Дистрикт“.

chefs table (9)

Amuse Bouche – крцкава кожа од пиле

На првиот Chef’s Table пробавме пет различни оброци и вкусивме различни вина, а гастро сторијата ја почнавме со Amuse Bouche, првото нешто што ќе ги возбуди вашите непца и ќе ве воведе во целото мени. Деликацијата што пробав за да го разбуди непцата беше пилешка кожа глазирана со мед и со зачини, со додадок од афионско семе, крцкаво и слаткасто, интересен старт на вечерта. Нашиот кувар Кирил потоа ни понуди скалопи со црн кавијар и сос од лимон и путер, одлично сервирани во голема школка која што е потоа ставена врз гнездо од зелена мов. Изгледаше светски, беше превкусно, а одлично одговараше со чаша просеко.

chefs table (10)

Скалопи со црн кавијар и сос од лимон и путер

Следеше свинско филе роловано во зачини и пушена foiе gras, кувано medium rare, што малку е необично за нас, бидејќи месото го подготвуваме многу кувано и печено. Но, пробајте, ќе се изненадите од предобриот вкус! Свинското филе беше поставено под стаклено ѕвоно, кое ја криеше аромата и димениот вкус сè до моментот додека не го вкусивме, а со него пробавме бело вино на „Тиквеш“(Sauvignon Blanc ss 2017) кое е пивко и нема да го поклопи вкусот на храната.

chefs table (13)

Свинско филе роловано во зачини и пушена foiе gras

Сосема ново искуство беше следното на менито – свежи лангустини со киноа, пире од грашок и кулис (супа) од црвена пиперка, поинакво вкусување на морски плодови, заокружено со шардоне на „Тиквеш“. Ритамот црвено месо-морски плодови го заокруживме со телешки рибај со сос од црн лук и моркови во глазура од хариса сос, и чаша црвено вино, изборот беше Тиквеш Cabernet Sauvignon SS 2016. Гастрономското доживување го финиширавме со десерт – „смрзната“ панакота со red velvet powder врз сос од карамела, со чаша розе (Stobi Rose Allegro), совршен крај на целото мени.

chefs table (1)

Свежи лангустини со киноа, пире од грашок и кулис од црвена пиперка

Топло го препорачувам ова гастрономско уживање. Секој вторник имате шанса да уживате во уникатните кулинарски приказни благодарение на „Дистрик“ и Кирил. Резервирајте свое место на масата на Chef’s Table, заминете со пријателите за поинаква дружба, но и сами или во двојка, идејата е покрај новите јадења, да комуницирате со нови луѓе и барем за една вечер да уживате заедно во храната. Јас ги запознав Адријан и Џен од Австралија, динамична двојка која сака да патува и истражува нови земји, култури, особено сакаат да пробуваат нова храна и вино. Во Македонија дошле во потрага на нови вкусови, а Адријан вели дека му е криво што не пробале сарма, специјалитет кој го запознал благодарение на соседите Југословени.

1 chefs table

Пет вкусни оброци + Amuse Bouche + селекција на неколку вина + добро друштво е формулата за убаво помината гастро приказна на Chef’s Table

chefs table (14)

Кирил ги сервира специјалитетите во отворената кујна во „Дитрикт бар и ресторан“

chefs table (5)

Никола и Кирил за време на вечерата раскажуваат кулинарско-вински приказни

chefs table (11)

chefs table (12)

chefs table (7)

chefs table (8)

chefs table (4)

Chef's TableгастрономијаДистрикт бар и ресторанексклуизивно мениКирил Ставревспецијалитети„Дистрикт“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1000001178 гастрономија

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

  • Christmas гастрономија

    Празнично загревање со божиќен пунч

  • online-wine-map гастрономија

    Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics