Долги и широки, комотни и од лесен материјал, овој модел на панталони е облеката во која ќе сакате да ги поминете летните топли денови. Иако кусите фустани и шорцевите се фаворити во летната гардероба, панталоните со широки ногавици се стилска опција кога не сакате да облечете нешто многу кусо. И се голем тренд и ова лето. Прикладни се на секакви секојдневни ситуации, се носат и на работа и на плажа. Во топлите денови бираме лесни и прозрачни материјали како лен и тенок памук, па ќе ги носиме долгите панталони од овие ткаенини и ќе ги вклопиме во нашиот летен стајлинг.
Нема коментари