Веројатно знаете за чудовтворното дејство на чиа семките, ама знаете ли дека се многу вкусни како состојка за пудинг-оброк!? Подготовката е многу лесна – чиа семки и млеко во сооднос 1:4, малку агаве засладувач или мед, нека отстои преку ноќ и ќе добиете здрав оброк. Постојат повеќе варијации, еве еден предлог за чоколаден чиа пудинг – потребни се 2 лажици чиа семки, 2 дл бадемово млеко (или некој друг вид млеко), 1 лажица сирово какао во прав, 1-2 лажици мед, прстофат сол и по желба малку ванилија. Наместо мед може да употребите агаве или јаворов сируп.
Измешајте ја смесата, оставете да отстои и по 10 минути повторно измешајте. Оставете го пудингот во фрижидер преку ноќ, добро ќе биде да го измешате уште 2-3 пати пред да легнете да спиете, а веќе утрото ќе имате подготвен оброк. По желба може да додадете овошје, како јагоди, малини, банана, капини, а со чоколадото супер одговара и насечкани и тостирани ореви и бадеми, гоџи бобинки, малку кокосови трошки или нарендано црно чоколадо.
Наш предлог е пудингот да го потготвувате во тегла (најдобро ниска и со широк отвор), во тој случај ќе може да ја понесете со себе на работа или пикник.
Чиа семките се богати со 3 масни киселини, ги обновуваат мускулите, го подобруваат варењето и го намалуваат лошиот холестерол. Доколку се подготви со бадемово млеко може да го употребуват и веганите.
Нема коментари