Шарлот Газираги, ќерката на монегашката принцеза Каролина, на 1 јуни година се омажи со францускиот продуцент Димитри Расам, и тој ден смени два венчални фустани – краток фустан од „Сен Лоран“ за матично и долг фустан од „Шанел“ за вечерната веселба.
Но Шарлот и Димитри одлучија да направат и црковна венчавка. Се одржа на 29 јуни во црква во Сен Реми д Прованс, на југот на Франција, и на црковната церемонија Шарлот облече венчаница инспирирана од бохо стилот. Фустанот е уникатен дизајн на Џанбатиста Вали, односно направен е специјално за Шарлот, која што изгледот го дополни со класичен вел, едноставни дијамантски обетки и ѓердан и со рустикален бидермаер од со лаванда.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари