Во триесет и пет годишната историја на организацијата amfAR собрани се околу 400 милиони долари кои се донирани во програми и истражувања за превенција, третман и лекување на ХИВ-вирусот, а со цел да се зголеми свеста за оваа проблематика во светот редовно се организираат хуманитарни гала настани на кои познатите дополнително подаруваат средства. Последната гала се одржа во Милано во рамките на модната недела во соработка со брендот „Булгари“, на која се појавија видни личности од светот на модата, филмот и музиката кои здружно во една вечер собраа еден и пол милион долари наменети за amfAR.
Нема коментари