На некoлку дена пред Оскарите се одржа едно од последните доделувања на филмски награди за оваа сезона, вчера во Лондон се случија BAFTA наградувањата одганизирани од Британската филмска академија. За нашиот медиум интересни се стајлинзите од црвениот килим на кој преовладуваа вечерни фустани во црна боја. Црната беше избор на Руни Мара („Живанши“), Дејзи Ридли (Оскар де ла Рента) и Емилија Кларк (Џамбатиска Вали), кои воедно имаа некои од најуспешните изгледи. Шарлиз Терон избра извонреден фустан на „Диор“ во виолетова боја, Рене Зелвегер розова креација на „Прада“, а Зое Кравиц златен модел на „Сен Лоран“. На настанот гости беа и принцот Вилијам и војвоката од Кембриџ, за оваа прилика војвотката облече еден постар модел на Александар Меквин.
Нема коментари