Првиот црвен килим од почетокот на пандемијата се случи на вчерашното отворање на филмскиот фестивал во Венеција, од ѕвездите што се пјавија на отворањето ги издвојуваме актерките Кејт Бланшет и Тилда Свинтон. Овие две исклучителни дами покрај тоа шо се талентирани, се истаквуваат и со својот личен стил.
Свинтон се појави во црно-бела креација на Шанел, но вниманието го привлече златната орнаментирана маска. Во Венеција таа го промовира новиот филм на Алмодовар, The Human Voice, а исто така ја прими и наградата за животно дело.
Црно-бел стајлинг имаше и Бланшет, која што годинава е претседателка на жирито на фестивалот. Таа облече долг фустан на Естебан Кортезар. Оваа креација Кејт ја носела пред пет години и со овој чекор испраќа порака за одржива мода.
Нема коментари