Актерката Кери-Ен Мос пристигна на премиерата на Тhe Matrix: Resurrections во Лос Анџелес облечена во спектакуларен фустан со потпис на Оскар де ла Рента со необичен детаљ со референци на познатиот филмски серијал The Matrix. Во четвртот дел од серијалот таа се враќа во улогата на Тринити, а враќањето на црвениот килим беше во знакот на овој црн фустан во кој се мешаат висока мода и висока технологија со кој нѐ маѓепса.
Фустанот на Мос е од couture колекција на Оскар де ла Рента, со крој во стилот на античка тога и наметка од проѕирна плисирана ткаенина. Но, главниот момент е везот во сребрена и зелена боја, кој почнува од долниот раб и се движат нагоре, а е инспириран од матрикс-кодот на филмот.Во самиот код, ако зумирате доволно блиску, ќе откриете дека името на Оскар де ла Рента е деликатно извезено низ матрикс-кодо. Мос го комплетираше својот аутфит со црни сатенски чизми, блескаво зелени обетки во облик на кама и со минимална шминка.
Нема коментари