Од модна блогерка до дизајнерка и бизнисменка, Италијанката Кјара Ферањи е една од највлијателните во модата, а периодов го претставува својот документарен филм Chiara Ferragni: Unposted (Кјара Ферањи: Необјавено)м кој се осврнува на развојниот пат во нејзината кариера. Таа на вчерашната премиера на овој филм во Рим се појави во црна креација на Џамбатиста Вали – асиметричен модел со еден волуминозен ракав и со висок шлиц. На накитот и на сандалите се забележува мотивот на синџир, кој е поворно актуелен сезонава. За гламурозен изглед на црвениот килим придонесоа и карминот и лакот за нокти во црвена боја. На црвениот килим друштво на Кјара ѝ правеше сопругот Федез.
Нема коментари