Актерката Марго Роби се појави на лондонската премиера на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, заедно со режисерот Квентин Тарантино и колегите Бред Пит и Леонадо ди Каприо, внимание повторно привлече нејзиниот изглед.
Марго за црвениот килим во Лондон облече креација на Оскар де ла Рента – долг фустан со крој на античка тога, кој исто така реферира на стилот на 60-тите и 70-тите години, што на некој начин потсетува на периодот на актерката Шерон Тејт, која што Марго ја глуми во филмот. Фустанот е лелеав, во боја на цигла и го нагласува деколтето. За изгледот на Марго се погрижи стилистката Кејт Јанг, а за шминката во тонови слични на фустанот Пати Дуброф.
Нема коментари