Гламурозниот бал Мет Гала кој традиционално се одржува првиот понеделник во мај, на црвениот килим донесе гламур во интерпретација на ѕвездите поканети на модниот настан, на зададената тема – позлатен гламур и white tie за мажите. На најзначајниот моден настан и на црвениот килим пред њујоршкиот музеј Метрополите, една ноќ на ѕвездите им е дозволено да облечат смела, екстравагантна, драматична и несекојдневна комбинација.
Оваа 2022 година темата на модната изложба во Институтот за костими при Метрополитен е „Во Америка: Антологија на модата“, која според Vogue е омаж на Метрополитен кон американската историја. Дрескодот на хуманитарната Мет Гала, настан што традиционално се одржува пред отворањето на изложбата, е „позлатен гламур“, земајќи инспирација од позлатеното доба на Њујорк, периодот помеѓу 1870 и 1890 година Тоа е период кога американското општество се опоравува после граѓанската војна и почнува индустријализацијата која донела големи промени и развој.
Во моден контекст позлатената ера ја означуваат корсети, отворени надздолништа, кроеви во А-линија и S силуета, надуени ракави, долги ракавици, како и многу украси како карнери, набори, реси и светки.
На Мет Гала, покра оцените за модниот избор и стајлингот на гостите, се обрнува внимание на тоа колку тие се посветиле на темата и ја погодиле суштината на модата од „позлатената ера“. Впечатлива беше актерката Блејк Лајвли, која вечерта беше една од водителите на гала настанот. Нејзиниот стајлинг е посвета на Њујорк, на некои од знаменитостите на градот, а прелеањето на бронзените и тиркизните нијанси на фустанот со потпис на Версаче, реферира на позеленувањето на Статуата на слободата (поставена во 1886) која ја менува бојата со текот на годините.
Додека многумина останаа на раскошната и брилијантна тема, други ги прекршија правилата. Некои од ѕведите воопшто не се облекоа во согласност со темата, некои ги утнаа декадите и повеќе реферираа на модата од 20-тите години од минатито век, а Ким Кардашијан со фустанот на Боб Меки во стилот на Мерлин Монро асоцираше на 50-тите години од инатиот век. ДОНАТЕЛА ВЕРСАЧЕ И КАРДИ БИ
КИМ КАРДАШИЈАН И ПИТ ДЕЈВИДСОН
ЛИЛИ ЏЕЈМС
БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И РАЈАН РЕЈНОЛДС
КАРА ДЕЛЕВИН
САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР
ГЛЕН КЛОУЗ И ПЈЕРПАОЛО ПИЧОЛИ
АЛЕСАНДРО МИЛЕКЕ И ЏАРЕД ЛЕТО
РОСАЛИЈА
КЕТИ ПЕРИ
НАОМИ КЕМБЕЛ
АМБЕР ВАЛЕТА
СТОРМЗИ
ДАКОТА ЏОНСОН
ЏИЏИ ХАДИД
БИЛИ АЈЛИШ
ЛАЈЛА И КЕЈТ МОС
ТЕЈЛОР ХИЛ
МИШЕЛ ЈЕО
АЛИША КИЈС
ВЕНЕСА ХАЏЕНС
КАЈА ГЕРБЕР
ТОМАС ДОЕРТИ
МЕДЛИН ПЕЧ
МОД АПАТОУ
Нема коментари