Иман, Наоми Кембел, Хајди Клум, Адријана Лiма, Амбер Валeта, Алесандра Амбросио и други славни некогашни и актуелни топ-модели блеснаа во раскошни креации на црвениот кулим на хуманитарната гала amfAR. Во очи на почетокот на Њујоршката модна недела, модниот крем пристигна на добротворниот настан на кој се собираат средства за фондацијата за поддигнување на свеста и истражување поврзани со сидата, amfAR, The Foundation for AIDS Research. На настанот, кој се одржува по 19 пат, специјални признанија добија актерката Скарлет Јохансон и модната креаторка Донатела Версаче, за нивниот придонес во борбата против оваа болест.
Познатите манекенки, актерките и музичарки, носеа раскошни тоалети, голем дел од нив се одлучиле за транспатенни или светкави модели. Орскокнувапе Скарлет Јохансон со црниот маки костум со потпис на Версаче.. Сите погледи беа свртени кон Иман, некогашниот супер-модел и сопруга на починатата ѕвезда, Дејвид Боуви, која носеше свилен црвен фустан од Zac Posen.
Нема коментари