Лос Анџелес беше домаќин на доделувањето на филсмките награди на MTV, а најмногу статуетки во облик на златни пуканки доби актерката Шејлин Вудли. Во однос на подедниците на црвениот, односно синиот килим видовме повеќе впечатливи изгледи, мини фустани, деколтеа, интензивни бои, но и доста демоде стајлинзи, како на пример изгледот на Џенифер Лопез кој како е транспортиран од 80-тите години или Кели Озборн со костимче што ја прави многу повозрасна. Скарлет Јохансон и Шејлин Вудли се појавија во комбинации со панталони, Скарлет во комбинезон од Зухаир Мурад, Шјлин во шарени панталони од Изабел Марант, но крајниот изглед и на двете акерки не е за пофалба. Наградите на музичкиот канал MTV таргетираат помлада публика, па се очекува присутните да носат понеобичен, поразигран и помладешки стил, во што успеаја Бела Торн, Кара Делевиљ, Британи Сноу и Холанд Роден.
Нема коментари