• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
црвен килим 0

Нов холивудски сјај на црвениот килим на „Оскар 2017“

Од stylist @StylistMKD · На февруари 27, 2017

oscar drama

Која ѕвезда е најубаво облечена, а која најлошо? Каков тренд доминира, чиј дизајн е најдобар?… Ова се прашањата што традиционално се поставуваат на оскаровското утро. Иако вчеравечер шоуто го украде скандалот при погрешното прогласување на „Ла, Ла, Ленд“ за победник , наместо „Месечевата светлина“ за најдобар филм, сепак тоа не го засени интересот за најгледаното модно шоу во светот-црвениот килим на „Оскар“.
На пристигнувањето на 89-то издание на престижните филмски награди во Лос Анџелес можеа да се погледат раскошни креации, суптилна елеганција, многу светки, освежувања во кроевите, малку носталгија , но и поинакви модни идеи, кои донесоа нов холивудски сјај на црвениот килим. Годинава вледееа златните креации , отмени бели модели со интересна структура, црни драматични фустани, црвена боја, креации со блескави додатоци, реси, пердуви, везови, цветни принтови, како и тантела, трансапрени креации и модели со длабоки деколтеа и шлицови.

oscar zlatno01

Никол Кидман, Ема Стоун, Џесила Биел и Дакото Џонсон во златен сјај

Сите очи беа вперени во добитничката на „Оскар“ за најдобра женска улога: Ема Стоун-која носеше златен фустан со реси од Givenchy Haute Couture by Riccardo Tisci. Како оскаровска статуетка во тесен фустан во златна боја беше Џесика Биел, која носеше модел од Kaufmanfranco. Златен фустан од колекцијата есен-зима 2017 на Gucci носеше Дакота Џонсон, која многумина ја вбројаа во најлошо облечените. Никол Кидман носеше кремасто-розова креација со везови и латна мониста од Armani Privé. Металик трендот го следеа Шарлиз Терон (во Dior) и Хали Бери (во Atelier Versace) кои носеа креации со сребрени елементи.

oscar crno01

Драма и елеганција во црно- Кирстен Дантс, Алисија Викандер, Бри Ларсон и Тараџи П. Хенсон

Во црно беа ланските добитнички на „Оскар“: Бри Ларсон, која носеше модел од кадифе разигран со карнер на средина од Oscar de la Renta и Алисија Викандер, со креацијд од тантела од Louis Vuitton. Црно бешеизборот и на Кирстен Дантс која носеше раскошен фустан од Dior, Џанел Моне, во уникатен дизајн од Elie Saab , Тараџи П. Хенсон, во елегатен модел од Алберта Ферети, Селма Хаеик во фустан со тантела од Alexander McQueen, Лора Дерн во светкава тоалета од Rodarte.

oscar belo01

Најубаво облечените беа во бело: Криси Тејген, Хејли Стајнфилд, Карли Клос и Пријанка Чопра

Меѓу најубаво облечените беа дамите во бело: Пријанка Чопра во Ralph & Russo , Карли Клос со креација со наметка од Stella McCartney, Оливија Капло во романтичен модел од Marchesa, Хејли Стајнфилд во модел од Ralph & Russo, Наоми Харис во Calvin Klein, Криси тејген во модел со сребрени додатоци од Zuhair Murad. Мишел Вилијамс и Ема Робертс носеа фустани со горен црн и долен бел дел, првата од Louis Vuitton, а втората Armani Privé.

oscar belo002

Ема Робертс,  Оливија Капло, Мишел Вилијамс и Наоми Харис

Интензивната црвена беше една од боите што владееа на црвениот килим. За нејзе се одлучиле добитничата на „Оскар“ за споредна женска улога-Вајола Дејвис која се појави во Armani Privé , номинираната Рут Нега во Valentino,  актерката Гинифер Гудвион во Zuhair Murad и Сара Берелес во модел од Romona Keveža. Голем дел од ѕвезите носеа сина панделка во знак на солидарност со  ACLU (Американски унија за граѓански слободи), која се бори против забраната на претседателот Трамп за емиграција на Муслиманите во САД, меѓу другото.

oscar crveno1

Црвена доминација: Гинифер Гудвион , Рут Нега, Вајола Дејвис и Сара Берелес

oscar metalik sjaj i crno1

oscar raskoshni fustani1

oscar metalik

oscar maska moda001

oscar maska moda02

ОскарОскар 2017
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1oskar26 црвен килим

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

  • 1 црвен килим

    Оскаровски црвен килим: Од едноставни и елегантни до необични и впечатливи модни комбинации

  • 1 oskari црвен килим

    Од црвениот килим на Оскарите 2023

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics