Седумдесеттото издание на Канскиот филмски фестивал вчеравечер беше отворено со премиерата на „Духовите на Исмаил“ (Les Fantomes d’Ismael) со Марион Котијар и Шарлот Генсбур во главните улоги, а најголемиот филмски настан во Европа во следните 11 дена ќе биде центарот на вниманието на филмската и уметничката јавност. Но, филмскиот фестивал привлекува внимание и поради модата на црвениот килим и стилот на светските актери, како и на познатите манекенки облечени во дизајнерски парчиња. Фестивалот низ годините соработува со модни и козметички куќи, подолго време еден од главните спонзозри е L’Oreal, а 20 години по ред соработува со јувелирската компанија Chopard која ја изработува главната награда – Златната палма. Овогодинешната награда ќе биде украсена со 167 дијаманти кои се откриени по сите етички стандарди.
Нема коментари