Почетокот на годината означува и почеток на сезоната на доделување на престижните филмски и телевизиски награди, прв настан во низата е „Златен глобус“. На вчерашното доделување триумфираше филмот „Ла ла ленд“, а еве и преглед на најдобрите модни изгледи од црвениот килим. Победничката Ема Стоун облече креација од „Валентино“ украсена со светкави ѕвезди, а сребрени или модели со светки избраа Никол Кидман, Мили Боби Браун, Наоми Харис, Тенди Њутон, Ејми Адамс, како и новата филмска и стилска ѕвезда Рут Нега. Натали Портман во жолтиот фустан на „Прада“ изгледаше како Џеки Оназис, поранешната американска прва дама која што ја глуми во филмот „Џеки“. Во тантела се појавија Мишел Вилијамс, Лили Колинс и Кери Вашингтон, а доминацијата на светли, металик и светкави тоалети ја скршија Бри Ларсон во бордоцрвен фустан од „Родарте“, Хејли Стајнфелд во модел во боја на лаванда, фустанот од „Гучи“ на Зое Салдана и црните изгледи на Винона Рајдер, Блејк Лајвли и Менди Мур.
Нема коментари