Холивудски ѕвезди, европски актери, музичари и манекенки се собраа во Hotel du Cap-Eden-Roc во Кан на 22-от по ред добротворен настан „Киното против сидата“ во организација на фондацијта за истражување лек против сидата amFAR. Гала вечерта вклучни модна ревија и музички настапи на Мери Џеј Блајџ, Андреа Бочели и Charlie XCX, но најважен момент беше аукцијата на која познатите ѕвезди купуваа разни предмети и уметнички дела, а парите се донираат на amFAR. Па така, Леонардо ди Каприо донираше дело од Бенкси, Ева Лонгорија купи портрет на Елизабет Тејлор од Енди Ворхол за 550.000 евра, е еден понудувач понудил дури 12 милиони евра за дело Џеф Кунс.
Во целиот настан секако дека е најважен добротворниот карактер и собирањето средства за фондацијата која за цел има до 2020 година да пронајде лек за сидата, но беше повод да се соберат многу познати личности кои се појавија на црвениот килим во свечени, вечерни тоалети.
Нема коментари