Славните филмски ѕвезди и големиот број гости пристигнаа во Венеција во пресрет на еден од најзначајните светски филмски фестивали, што 74. пат ќе се одржи во овој италијански град. Паралелно со филмските проекции во следните десетина денови вниманието на јавноста ќе го привлекува и црвениот килим и модниот избор на познатите актерки и манекенки кои ќе прошетаат по него. Еве како помина вчерашното отворање на фестивалот, пофалба за изгледот на Ребека Хол која се појави во фустан од колекцијата на висока мода на Џорџо Армани.
Нема коментари