• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
црвен килим 0

Оскари 2016: Триумф на модерната елеганција и раскошот

Од stylist @StylistMKD · На февруари 29, 2016

oscar glavna

Покрај победниците, секоја година најголема фама на „Оскарите“ има за изгледот на ѕвездите. Најпрестижниот црвен килим со право е нарекуван најголемото модно шоу во светот. Присуството на долга листа на престижни и луксузни модни куќи, носени од најголемите филмски имиња на планетата, го оправдува ова. Додека актерите и филмските артисти се во битка за „златното човече“, дизајнерите, брендовите за накит, стилистите и визажиститет се во кретивна битка за најдобриот изглед. Општиот впечаток на годинашното доделување на најдобрите во филмската индустрија е дека задржано е нивото на гламур, елеганција и екстраваганција.

1

Бри Ларсон (Гучи)

На „Оскар 2016“ дамите блеснаа во раскошни, секси и класични креации, со неколку модни отскокнувања, додека џентлмените повеќето останаа доследни на елегантиот black tie дрескод, иако имаше отскокнувања во деталите. Домонираа V-изрезите, смирени кроеви, дискретен, но луксузен накит, нежна шминка и пуштени коси. Повеќето од фустаните имаа рачна дораборка и везови, а главната „игра “ беше околу рамената. Од палетата на бои, најмногу можеа да се видат бели, црни и сини модели. Но застапено беше и шаренило од смирени тонови на розовата, црвената, портокаловата и жолтата.

5

Кејт Бланшет (Armani Prive)

Фокусот беше на номинираните и победничките на оваа вечер. Победничката во категоријата за најдобра женска улога, Бри Ларсон избрала сина лелеава креација со карнери и плисе од Gucci. Моделот е збогатен со впечатлив колан со кристални цветови. Кејт Бланшет блесна во нежно син „сирена“модел од Armani Privе со цветови и кристали од „Сваровски“. Можеби не ги одушеви критичарите со изборот на креација, но повторно покажа дека знае како, достоинствено и отмено да ги износи драматичните модели од високата мода. Со својот префинет тен, фризура, дискретна шминка и соодветно избран накит потврди дека е кралица на црвениот килим.

2

Алисија Викандер (Луј Витон)

Како што се претпоставуваше, ИТ-девојката од оваа сезона на награди, Алисија Викандер избра модерен модел од Louis Vuitton. Станува збор за светложолта свилена креација исшарана со сребрени додатоци, направена за оваа пригода. Во центарот на медумското внимание оваа сезона беше и Кејт Винслет, па затоа беа високи очекувањата за нејзиниот оскаровски стајлинг. Но таа не одушеви со конечниот избор. Се појави во црна тоалета од Ralph Lauren, која не одговараше на нејзината линија и беше со несоодветен материјал.

4

Џенифер Лоренс (Dior Couture)

Џенифер Лоренс избрала пердувест црн модел со трансапрентни делови и тантела од Dior Haute Couture, кој го комбинитала со нежен ѓердан од Chopard. Џулиен Мур, која често се одлучува за зелени модели, овој пат пристигна на доделувањето во црна креација од Chanel и исто така се одлучила за накит од Chopard.

21

Џулиен Мур (Chanel Couture)

Бел фустан од тантела со ретро-шари, но модерен крој со потпис на Рикардо Тиши за Givenchy беше изборот на номинираната Руни Мара. Нејзината млада колешка Сеојрси Ронан изгледаше посериозно за своите години во светкавата темнозелена креација од Calvin Klein. Актерката Оливија Вајлд се појави во бела тоалета со плисе од Valentino Haute Couture со длабоко деколте. Кај нејзе изборот на додатоци го наруши впечатокот.

8

Шарлиз Терон (Диор)

Стандардно гламурозна и секси беше Шарлиз Терон во црвениот модел со длабок В-изрез, специојално креиран за нејзе од модната куќа , збогартен со накит од Harry Winston и чевли од Jimmy Choo. На листата за најубаво облечени дами на црвениот килим и овој пат се најде Наоми Вотс, со светскав креација од Armani Privé во темносоно и виолетова боја. Софистицираниот изглед беше надополент со раскошен гердан од Bulgari и шминка и фризура во класичен „стар Холивуд“-стил.

10

Наоми Вотс (Armani Prive)

Емили Блант, која се појави како една од презентерите на церемонијата, носеше нежно розова креација извезена со кристали од Prada и чевли од Софија Вебстер. Ѕвездата на „Војна на Ѕвездите-Будење на силата“, Дејзи Ридли, носеше син модел исто така збогарен со вез и накитод од Chanel Haute Couture , додека чевлите и беа од Christian Louboutin. Бремената сопруга на Џон Леџенд, Криси Тејген, беше во цветен модел од Marchesa. За раскошен модел од истата куќа се одлучи и Софија Вергара, која овој пат избрала темносина модел.

3

Оливија Вајлд (Valentino Couture)

Стилистите на Маргот Роби се решиле за златен фустан од Tom Ford, Лејди Гага носеше бел комбиензон со корсет и наметка од Brandon Maxwell. Рис Витерспун играше на безбедна карта, со фустан во крој што често го среќаваме на црвениот килим, со потпис од Oscar de la Renta, накит од Tiffany & Co и чеви од Jimmy Choo. Ова секогаш е добитна комбинација за на „Оскар“. Елегантна во црна тоалета од Atelier Versace беше Џенифер Гарнер. Дека сè не може да биде совршено покажа Рејчел Мекадамс .  Не можеше да не се забележи дека нејзиниот зелен фустан од  August Getty Atelier е изгужван.

17

Оливија Ман (Стела Макартни)

Оливија Ман, отскокнуваше со портокаловиот фустан на едно рамо Stella McCartney, комбиниран со дијамантен наки и чевли од Jimmy Choo. Несекојдневен избор на модел за на „Оскар“ имаше Кери Вашингтон, која носеше црно-бел дизајн од Atelier Versace. Инстересен беше моделот на Ејми Полер, црн фустан со лелеави ракави и со впечатливи везови од Andew Gn.

12

Марк Рафало со сопругата Саншајн

Сите симпатии ги освоија Марк Рафало, во синиот костум Valentino и неговата сопруга Санрајс Когнеј во црн транспарентен фустан со појас во римски стил и накит од Solange Azagury-Partridge. Како и во претходните сезони на награди, Џаред Лето се издвои со својот стајлинг. Иако носеше црн костум od Gucci, машната ја заменил со цвет, а кожените чевли со кадифен модел со златна шара. Ќе се паметат подвитканите панталони на Фарел Вилијамс, изборот на очила на Том Харди, белиот костум од Dolce & Gabbana на Комон, додека човекот на вечерта-Леонардо ди Каприо, беше елегантен во класичен црн костум комбиниран со бела кошула. Неколку џентлмени се појавија во кафидени палта и костуми, како Еди Редмејн.

14

Леонардо Ди Каприо и Кејт Винслет

16

Криси Тиген и Џон Леџенд

7

Рејчел Мекадамс ( August Getty Atelier)

6

Руни Мара (Givenchy Couture)

9

Ејми Полер

11

Џенифер Гарнер (Atelier Versace)

13

Лејди Гага (Брендон Максвел)

15

Џаред Лето (Гучи)

18

Марго Роби (Том Форд)

20

Еди Редмејн со сопругара Хелен

Џаред ЛетоЏенифер ГарнерЏенифер ЛоренсЏулиен МурАлисија ВикандерБри ЛарсонгламурЕјми ПолерЕди РедмејнелеганцијаКејт БланшетКејт Винслеткери ВашингтонЛејди ГагаЛеонардо ди КаприоМарк РафалоНаоми ВотсОливија ВајлдОливија МанОскар 2016раскошРејчел МекадамсРис ВитерспунРуни МараТом ХардиФарел Вилијамсцрвен килимШарлиз Терон
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1oskar26 црвен килим

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

  • 1 црвен килим

    Оскаровски црвен килим: Од едноставни и елегантни до необични и впечатливи модни комбинации

  • 1 oskari црвен килим

    Од црвениот килим на Оскарите 2023

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics