Ѕвездите прошетаа по црвениот килим на вчерашното отворање на 75-тото издание на филмскиот фестивал во Венеција, вниманието ни го привлеклоа двете бои кои доминираа – црвената и розовата. Клер Фој, актерката од филмот „Првиот човек“ со кој беше отворен фестивалот, носеше розов фустан со необична црвена наметка во горниот дел, креација на Пјерпаоло Пичоли за „Валентино“. Холивудската ѕвезда Наоми Вотс се појави во розов фустан од колекцијата на висока мода на Армани. Црвени и розови креации облекоа и Габриела Вајлд и Лоти Мос, а Рајан Гослинг, кој заедно со Клер глуми во филмот за Нил Армстронг („Првиот човек“), носеше бледо розово сако во комбинација со бела кошула и црни панталони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари