Џони Деп, Џенифер Лопез, Софија Вергара, Том Хенкс, Роберт Дауни џуниор, Блејк Лајвли, Џастин Тимберлејк, Сара Џесика Паркер се дел од наградените на вчерашното доделување на People’s Choice Awards, кое се одржа по 43-ти пат и претставува наградување во голем број музички, филмски, телевизиски категории, за кои гласаат публиката и обожавателите. Во однос на модата и црвениот килим, ѕвездите за ова доделување вообичаено бираат стајлинзи кои за нијанса се полежерни во однос на гламурот, од на пример, црвениот килим на „Златен глобус“. Во оваа пригода тоа беа пократки фустани, комбинезони и костими, светкави ткаенини и тантела, но и не толку успешни комбинации.
Ова се изгледите кои вредат да се споменат, иако се очекуваше да видиме многу подобри и стилски изгледи.
Нема коментари