Синоќа во Лондон се случи светската премиера на 24-от по ред филм за Џејмс Бонд, Spectre, а на црвениот килим пред Ројал Алберт Хол се појавија главните ѕвезди Даниел Крег, Леа Сејду и Моника Белучи. Но, вниманието го привлече војвотката од Кембриџ Кетрин, која беше облечена во светло син, лелеав и скоро проѕирен фустан од Џени Пекам, кој очигледно го носеше без градник. Крег кој за последен пат го глуми агентот 007 изгледаше елегантно во смокинг од Том Форд, а Сејду и Моника Белучи, кои велат дека се Бонд-жени, наместо Бонд-девојки, беа облечени со златен фустан од „Прада“ и црна тоалета од Ралф и Русо. Меѓу присутните беа режисерот на филмот Сем Мендез, Сем Смит кој ја исполнува главната музичка тема, Џуди Денч, Кристоф Валц, Ширли Меклејн и Ноеми Харис.
Нема коментари