Списанието Time ја објави годинешната листа на 100 највлијателни личности од различни сфери на животот, а вчеравечер по тој повод организира гала настан во Њујорк, на кој се појавија, меѓудугото, и видни холивудски и модни ѕвезди. Внимание привлече Џулиен Мур облечена во впечатлив горен дел со пердуви и бисери, креација на „Живанши“, а актерката на настанот дојде во друштво на дизајнерката на брендот, Клер Вејт Келер. Манекенката Наоми Кембел носеше златен фустан на „Валентино“, поп ѕвездата Тејлор Свифт креација на J. Mendel во пастелни тонови, а актерката Емилија Кларк во црвен модел од Долче и Габана. Еве уште неколку модни изгледи од вчерашниот настан.
Нема коментари