Црната боја никогаш не излегува од мода и гала вечерта Women in Hollywood (Жените во Холивуд) на списанието Elle го докажа тоа. На забавата во Лос Анџелес холивудските ѕвезди на црвениот килим прошетаа во елегантни црни комбинации. Еден од спонзорите на настанот беше дизајнерот Ралф Лорен и негови креации избраа Никол Кидман и Марго Роби. Натали Портман носеше фустан од колекција на висока мода на „Диор“, Гвинет Палтроу избра асиметричен фустан од „Ботега Венета“, а Скарлет Јохансон модел на Том Форд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари