Во светот на шминката црвениот кармин е она што малиот црн фустан е во модата – совршен за секоја пригода и одговара со секаква облека. А козметичките куќи лансираат нијанси на црвена која ќе одговара на сечиј тен. Црвениот кармин е секси и е соодветен за вечерно излегување со партнерот, но во исто време зрачи моќ и самодоверба и може да се носи и во канцеларија. Тој на жената ѝ овозможува со минимален напор да постигне максимален ефект – со малку црвена боја на усните таа е подготвена за на работа или за вечерна пригода, без да мора да нанесува шминка на целото лице. Еве избор од 10 кармини кои веќе имаат култен статус или се новина на пазарот, а можат да се набават и кај нас.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари