Црвениот килим пред Палата на фестивалите во Кан ги пречека првите гости на 68. издание на филмски фестивал, а стартот беше озваничен со премиерата на филмот „Главата горе“ на Емануел Берко. На отворањето се појавија повеќе холивудски и европски актери, Сиена Милер како член на жирито, Изабела Роселини, чија мајка Ингрид Бергман е заштитно лице на овогодинешното издание, како и повеќе манекенки и заштитни лица на големиот спонзор на фестивалот, козметичката куќа L’oreal. Во однос на модата, ѕвездите на црвениот килим избраа претеќно бели и еднобојни тоалети, стилизирано со скап накит од брендови како Chopard и Bulgari.
Изабела Роселини во необична креација на Стела Макартни
Наоми Вотс (фустан: Ели Саб, накит: Bulgari)
Натали Портман (фустан: „Диор“, накит: De Grisogono)
Џулиен Мур (фустан: Armani Prive, накит: Chopard
Лупита Нионго (фустан: „Гучи“, накит: Chopard)
Дуцен Крос (фустан: Atelier Versace) и Лија Кебеде (фустан: „Луј Витон„)
Ноеми Леноар (фустан: „Клое“)
Карли Клос (фустан: Atelier Versace)
Амедин Валад (фустан: Улијана Сергеенко)
Бар Рефаели
Нема коментари