Холандската манекенка Дафне Гроневелд препознатлива по големите, полни усни е лицето од рекламите на Том Форд за сезоната пролет 2015 на кои е нашминката во три различни изгледи – изглед позајмен од модната ревија на Форд за тековната сезона со темно обоени очи и беж кармин, лимитирана колекција со очи обоени во виолетови и зелени тонови, како и бронзен изглед од линијата Soleil. Фотографиите за рекламната кампања се дело на Инез и Винод.
Нема коментари