• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Дали падот на моќниот продуцент Вајнстајн значи крај на брендот „Маркеза“

Од Катерина Трајановска · На октомври 11, 2017

weinstein marchesa

Џорџина Чепмен, дизајнерката и косопственичка на модниот бренд „Маркеза“ соопшти дека се разведува од сопругот, продуцентот и еден од најмоќните личности во Холивуд, Харви Вајнстајн, откако конечно се разоткри она што со години беше јавна тајна во филмскиот град – Вајнстајн сексуално напаѓал и злоставувал познати актерки, водителки, манекенки и вработени во неговата The Weinstein Company. Разотркивачката сторија беше објавена пред неколку дена во „Њујорк тајмс“, заедно со изјавите на актерките Ешли Џад и Роуз Мекгован како првите што јавно истапија со обвинувањата.

Се смета дека во кариерата и подемот на брендот „Маркеза“ Вајнстајн ги употребил своите врски во Холивуд. Бројни актерки на црвениот килим носеа креации токму на неговата сопруга Чепмен. Но, по обвинувањата на Вајнстајн, Џорџина вчера изјави дека ќе се раздели од продуцентот за кого се омажи во 2007 година, можеби и како нејзин обид да го спаси брендот. Џорџина всушност на почетокот застана стопроцентно зад сопругот, но после пет дена, откако ги виде проропорциите на обвинувањата, соопшти: „Срцетo ми се крши за сите жени кои претрпеле огромна болка поради овие непростливи акции. Одлучив да го напуштам мојот сопруг“. Времето ќе покаже дали нејзиниот бренд „Маркеза“ ќе го преживее сево ова без конекциите и финасиската помош од Вајнстајн, но и дали од морални причини брендот ќе ги изгуби клиентите.

2a

Во деновите после објавувањето на тектот во „Њујорк тајмс“ дејствијата на Вајнстајн ги осудија големите холивудски ѕвезди, некои веднаш, но некои како Мерил Стрип и Никол Кидман малку и задоцнето. Отворено за малтретирањата проговорија Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу, Розана Аркет и Мира Сорвино признаа дека нивните кариера отишле по надолна линија откако не ги возвратиле сексуалните желби на продуцентот, а актерката Азија Аргенто дури и го обвини за силување. Џоли изјави дека после злоставувањето одлучила никогаш повеќе да не снима филмови со компанијата на Вајнстајн, и ги предупредувала сите што работеле со продуцентот за неговото однесување. Поради страв многу жени криеле за мобингот, но во последниви денови се охабрија и споделија своите приказни. Нивниот број од ден на ден расте.

Шокантно е што њујоршката модна дизајнерка Дона Каран застана на страната на Вајнстајн, дури и кажа дека „жените сами си го бараат со начинот на кој се облекуваат“. Поразително е што овој „обвини ја жртвата“ наратив доаѓа од жена и од дизајнерка што ги облекува жените. „Погледнете како денес жените се облекуваат и како се претставиваат. Што бараме? Дали сами си го бараме презентирајќи се на сензуален и сексапилен начин?“, изјави таа напоменувајќи дека Харви и Џорџина се прекрасни луѓе. Подоцна, после негодувањето на јавноста и повикот да се бојкотира нејзината облека, се обиде да се оправда и се извини ако некого повредила, и рече дека сексуалното злоставување е неприфатливо, и тоа е проблем за кој конечно треба да се зборува.

3

Холивуд три децении ги прикриваше мрачните тајни на Харви, за осуда е што ѕвездите толку долго молчеа, многу е веројатно дека знаеле што случува (Гвинет изјави дека после еден напад тогашното момче Бред Пит му се заканил на продуцентот, но актерката сепак продолжила да соработува со Харви и заедничкиот филм „Вљубениот Шекспир ќе ѝ доенесе дури и Оскар), но не знаеме колкава била неговата моќ и какви спогодби се правеле за да бидат тивки и какви закани добивале доколку не се. И колку пари потрошил на сметка на тие спогодби.

Харви доби отказ од својата продуцентска куќа, осуда и од Клинтонови и од Обама, а демократските политичари сумата што им била донирана од продуцентот во нивните кампањи, тие сега ги насочуваат кон хуманитарни акции. Што е најважно, после години молчење и вртење глава на дејствијата на продуцентот, се отвора темата на сексуални малтретирања и мобинг, со надеж дека во Холивуд конечно ќе биде ставен крај на какво било искористување од страна на моќниците на Холивуд. Од сега па натаму никој веќе нема да смее да се однесува како Вајнстајн, да се обвинуваат жртвите и повеќе не смеат да се одмолчуваат ваквите инцидентни. А Харви веројатно не е еднинствен, во Холивуд постојат многу Харвиевци кои ја користан моќта на ваков одвратен начин и очекуваат жените да им бидат сексуално достапни. Време е да се разобличат.

I AM HERE AND IT IS ON #ROSEARMY #NEWSWEEK

A post shared by Rose McGowan (@rosemcgowan) on Oct 9, 2017 at 3:48pm PDT

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics