Модниот маратон почнува во септември со модните недели во Париз, Милано, Њујорк и Лондон, но Копенхаген и Данките се пред времето. Модната недела во Копенхаген покажа дека е новата модна мека, а Данките стлските ѕвезди кои треба да ги следиме. Тие веќе го носат трендот за следната сезона – животински принт, или поточно принт кој имитира змиска кожа. Овој егзотичен принт на есен ќе го носиме на облеката, чантите, чевлите, а еве како тоа го прават Данките фотографирани деновиве во Копенхаген.
Овој август најмоќната стилска инспирација доаѓа од улиците на Копенхаген
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари