• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
шминка-фризура 0

Дарко Мишовски шминкаше на загрепскиот Fashion.hr

Од Катерина Трајановска · На ноември 10, 2015

darko mishovski (6)

На покана на познатиот хрватски шминкер Саша Јоковиќ македонскиот креативец Дарко Мишовски доби ангажман на Fashion.hr, како еден од шминкерите за ревиите на овој настан со формат на модна недела што се одржува во Загреб. За Stylist.mk Дарко раскажува за искуството на тамошната модна манифестација, која беше неговата задача и како изгедаше работата во бекстејџ.

-Да, неодамна се одржа модната недела во Загреб, и до овој ангажман дојдов на покана на мојот колега Саша Јоковиќ, кој ме одбра да бидам дел од неговиот тим. Мојата задача беше како и на сите останати колеги да ги разубавиме хрватските модели. Работата во бекстејџ изгледаше навистина професионално, а организацијата беше на завидно ниво. Одбрани модели, перфектни дизајнери, make up артисти, фризери и фотографи… Целата работа се одвиваше во една пријатна работна атмосфера.

darko mishovski (3)

Пред неколлку седмици на Fashion.hr

На Fashion.hr работеше со познатиот хрватски шминкер Саша Јоковиќ, успеа ли да „украдеш“ некоја идеја од него? Како беше да се работи со него?

-Саша Јоковиќ е мојот омилен makeup артист, премногу талентиран и навистина е уживање да се работи со него. Своето знаење несебично го подели со сите нас.

darko mishovski (2)

Дарко во Загреб работеше на покана на најпознатиот хрватски шминкер Саша Јоковиќ (прв од лево)

Што најмногу ти остави впечаток за време на престојот во Загреб и на Fashion.hr, може ли да направиш споредба меѓу тамошната и нашата модна сцена?

-Најголем впечаток ми остави тоа како се организирани и колку професионално се работи. Тамошната модна сцена е навистина прогресивна, а дизајнерите се многу талентирани. Имаше навистина предобри модели до перфекција во однос на креација и материјали, па сè до изработка. Во однос на нашата модна сцена ќе кажам дека сме навистина слабо организирани, а дизајнери имаме… Шминката за Fashion.hr навистина беше креативна, инспирирана од модни икони како Софија Лорен, па сè до денешен тренди изглед.

darko mishovski (5)

Изглед за Fashion.hr

Колку време се занимаваш со шминка и како се најде во оваа професија?

-Како професионален makeup артист работам десетина години. На почетокот самоук, за подоцна да учам и работам со мојата драга колешка Љупка Арсовска, која сега успешно работи во Њујорк, а секако ми помогнаа бројните посети на семинари и работилници. Досега имам работено на навистина многу проекти од секаков тип, кампањи, видеоспотови, со сите наши списанија, со нашите познати личности, на модни ревии…

Што е карактеристочно за твојот стил на шминкање, кои се твоите принципи за добра шминка?

-Мојот стил е препознатлив, тоа сум го слушнал од моите клиенти и сум среќен во однос на нивните коментари. Моите принципи за добар mаke up се секогаш добра подлога, а тука мислам на крем кој е соодветен на типот на кожа, потоа соодветна пудра која нема биде претешка, лесни контури и нагласени очи би било совршено и софистицирано.

darko mishovski (4)

Според тебе кои се трендовите за шминка за оваа сезона?

-Нагласени усни во црвена, темно црвена и боја на вино.

Омилени шминкери и козметички брендови со кои работиш?

Имам повеќе омилени, но ете ќе го издвојам Саша Јоковиќ, неговата работа е вистинска магија! Тоа го докажа и пред „Шанел“, бренд за кој е главен шминкер за регионот и неговата работа на насловни страници на Vogue, Elle, Marie Claire и многу други. Од брендовите некако најмногу сум врзан за козметиката на MAC, Make Up For Ever, и сите новитети и трендови кои ги лансираат водечките компании во makeup индустријата.

darko mishovski (1)

Изглед за Fashion.hr

Кои совети би им ги препорачал на Македонките во однос на шминкањето? На што да обрнат најмногу внимание и кои грешки да престанат да ги прават?

Не поднесувам надградба на трепки и кинеска тетоважа на веѓи. Во однос на шминката секогаш сум за некоја понежна варијанта, лесна пудра или BB крем, руменило, маскара и нагласени усни, ова е доволно за некој nekoj urban look.

darko mishovski

Дел од работата на Мишовски

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • guerlain шминка-фризура

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

  • 1 MAC шминка-фризура

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

  • 5 шминка-фризура

    Шишките се повторно ин!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics