Едноставен стил, благ преклоп, ненаметливо деколте во V-израз, кратки ракави и во црна боја, со должина до колена, дали вака треба да изгледа совршениот деловен фустан!? Најверојатно да, барем според статистиката која вели дека преку 1000 деловни жени се на листата на чекање да го купат овој модел наречен Tory од брендот M.M. LaFleur. Соодветен за канцеларија, овој фустан е еко-пријателски и е направен од јапонски креп-материјал отпорен на туткање и кој го разладува телото. Покрај тоа што ги задоволува правилата на еко-мода, оваа креација е привлечна поради тоа што е во крој кој одговара скоро на секоја ќенска силуета. Основачката на интернет-продавницата каде што може да се најде фустанот, Сара Лефлер, вели дека е изнанедена од побарувачката и дека ќе го произведат во поголем број за да ги задовал сите клиенти. Фустанот чини 235 долари, се продава и во поголеми величини, а стана уште популарен откако во него се фотографираше блогерката Ан од 9 to 5 и за него напишаа Popsugar, Huffington Post и NY Mag.
Нема коментари