Топлите месеци дозволуваат одредена опуштеност во деловното облекување, и кога бираме облека за во канцеларија се повикуваме на лежерност и широки кроеви во кои ќе се чувствуваме удобно. Една од летните трендовски комбинации која може да функционира и како деловна е спојот на широки панталони – долги (palazzo) или под колена (culotte), со ленени блузи, маици и кошули. Препорачливо е двете парчиња од комбинацијата да се ленени, бидејќи ленот е идеален материјал за во лето, или во најмала рака да се памучни. Доколку деловните обувки се заменат со сандали со високи потпетици, ќе добиете варијанта што можете да ја носите за излегување веднаш после работа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари