Кралицата Летиција од Шпанија негува елегантен стил со модерна нота, своите должности и настапи често ги извршува облечена во луксузна но и облека од модните брендови на достапна мода како Манго, Зара и Масимо Дути, а од нејзиниот стил позајмивме неколку комбинации кои одговараат на деловниот дрескорд. Овие изгледи се забелеани во последниве недели, а како пример избравме модни споеви на класично карирано сако со црни панталони или црна кошула со карирано молив-здолниште. Добра идеја е и костим со панталони во „валкано“ розова боја, како и комбинација од црни панталони со должина над глужд со блуза со линии и бело дамско палто. Овие комбинации доста одговараат на променливото време карактеристично за првиот дел од пролетта.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари