Популарниот моден бренд „Манго“ предлага беспрекорни деловни комбинации и софисицирана облека за во канцеларија. За следната сезона есен-зима 2019/20 понуди колекција која ги задоволува модните, нo и деловните бизнис-кодови. Костумот е ѕвезда на новата сезони и сосема достојна модна опција за работа во корпоративниот свет.
„Манго“ предлага класични црни костими со панталони и модели од сив штоф, како и опции од каро и во темнозелена боја. Костимите се комбинираат со ролки, кошули и тенки џемпери. Дел од колекција реферира на стилот од 70-тите години, што може да се забележи и во фустанот во ретро стил, кроевите и стајлинот. Колекцијата е надополнета со мантили, чанти и обувки кои варираат од ниски мокасини до високи чизми.
Нема коментари