Правилата за дрескод на работно место налагаат избегнување на разголени раце, деколте, и во никој случај носење на тенки прерамки. Но, во летниот период дозволени се модни креации без ракави, само доколку не се работи за премногу отворање и разголување на рамената. Добар пример колку кратки треба да бидат ракавите во е овој мантил без ракави кој го носи блогерката Каролина Енгман (Fashion Squad), што го предлагаме како опција за ваша деловна комбинација. Покрај тоа што моделот е прикладен за во канцеларија – има пристојно кратки ракави и пристојно долга должина, ги задоволува и другите критериуми за деловен изглед, како што се неутрална боја и можност да се комбинира со класични салонки и квалитетна чанта соодветна за на работа. Дополнете со нежен накит (најмногу едно до две парчиња како обетки и алка), природна шминка и убаво фенирана коса.
Нема коментари