Килот-панталони во тегет боја, блуза со интересни сечени детали во трендовска пастелна нијанса, бело сако од лесна ткаенина и салонки со деликан принт е одлична комбинација за пролетен деловен изглед. Во стајлингот од фотографијата се додадени плик-чанта и ѓердан со поинтезивен стил, што пак комбинацијата ја прави погодна и за излегување после работа. Сепак, за во канцеларија или на интервју за работа одберете квалитетна чанта со со нијанса покласичен стил (избегнувајте плик и чанти што се носат преку рамо), и ѓердан со понежен и ненападен изглед.
Нема коментари